Со ова Упатство се опишува: постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови; начинот и роковите за поднесување на Пријава за промет на добра и услуги ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ПЕФ-ДО) до УЈП; начинот за издавање и сторнирање на Фактура за промет ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ФП-ДО); и начинот и роковите за поднесување на Eвиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот (образец ДДВ-ЕПФ).
|