Управата за јавни приходи креира единствена политика за подобрување на квалитетот на услугите, обезбедување на поедноставни даночни постапки за навремено и точно исполнување на обврските и праведно и ефикасно собирање на даноците и другите јавни давачки во Република Македонија. Со исполнувањето на стандардите и применувањето на ИСО 9001:2008 во работењето на УЈП ќе се создадат услови за подобрување на управувањето на процесите, подигнување на продуктивноста, раководењето на човечките ресурси и континуирано подобрување на услугите, но и на севкупното работење на институцијата. Во оваа насока, Управата за јавни приходи воспостави ефективен систем за управување со квалитет, ориентиран кон...
|