Со овој закон се воведува данокот на додадена вредност и се уредува неговото пресметување и плаќање.
Данокот на додадена вредност, како општ потрошувачки данок, се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата, како и во целокупниот услужен сектор, освен ако не е поинаку пропишано со овој закон.
Предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е:
-
Прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност и
-
Увозот на добра.
|