Со ова Упатство се пропишува начинот на кој вработените во УЈП ќе се стекнат со подобро разбирање на корупцијата и ќе бидат упатени кон постапките за нејзино избегнување. Наменето е за подигање на свеста на вработените, за превенција на разни видови коруптивни практики, зајакнување на анти-коруптивното однесување и за мотивирање на вработените да учествуваат во зголемување на интегритетот и угледот на УЈП.
Исто така, ова Упатство има за цел да ги обезбеди вработените со доволно информации во врска со појавните облици на корупцијата и да им даде насоки како да се справат со ситуации во кои можат да бидат изложени на коруптивни појави.
|