Со овој правилник се пропишува видот на даночната пријава која во потполност или делумно може да се поднесе по пат на пренос на податоци во електронска форма како и постапката за пренос.
По пат на пренос на податоци во електронска форма даночните обврзници може да поднесат даночни пријави за сите видови даноци и други јавни давачки за кои е обезбеден информационен систем за составување, праќање, примање, чување или друга обработка на електронски податоци, како и прилизи за кои е пропишана обрска да се поднесуваат со даночните пријави, барања со соодветни прилози за издавање на дозволи и одобренија пропишани со даночни закони, барања за доставување на податоци од даночната евиденција и други обрасци пропишани со законски и подзаконски акти.
|