Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Даночен речник - преглед по поими

Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.


Е
Единки корисници на средства од буџетот

Корисници од втора линија кои се финансираат преку соодветниот буџетски корисник. Тоа се институциите од областа на образованието и науката, културата, детската заштита, социјалната заштита, судството, обвинителството и други единки кои се финансираат преку корисникот на Буџетот на РСМ од таа област.

(види и буџетски корисници)
 
Единствен даночен број

Се доделува при регистрацијата на даночниот обврзник. Претставува единствен идентификационен број на даночниот обврзник за сите видови јавни приходи кој се користи во целата даночна постапка и мора задолжително да се внесе во сите писмени дописи и документи. Се задржува се до престанок на статусот на друштвото.

(види и регистрација на даночен обврзник)
 
Единствен матичен број на граѓанинот

Единствена ознака на идентификационите податоци на граѓанинот кој се состои од 13 цифри. Истиот претставува даночен број на граѓанинот како даночен обврзник.

 
Едношалтерски систем

Систем кој што преку информатичката инфраструктура на Централниот регистар на Република Северна Македонија овозможува обединет пристап кон податоците определени со закон за упис во трговскиот регистар и за почеток на работењето на субјектите на упис.

 
Експрес лотарија

Игра на среќа во која учесникот има лоз, кој го издава приредувачот на играта на среќа, на кој во согласност со правилата на играта на среќа, однапред се впишани видови и износ на добивка, одреден симбол или број, а кои се обезбедуваат со ставање на лозот во запечатена обвивка. Лозот е добитен кога на него е назначена добивка, симбол или број кој според правилата на играта претставуваат добивка.

 
Електронска трговија

Посебен начин на вршење на трговија на големо и мало по пат на договор. Електронската трговија се организира од страна на трговецот за продажба по пат на некое комуникациско средство под услови пропишани со закон и друг пропис.

 
Електронски игри на среќа

Игри на среќа кај кои извлекувањето се врши по пат на електронски или механички генератор на случајноста и резултатот се пренесува електронски, при што фондот на добивки не мора однапред да биде одреден.

 
Електронско бинго и електронско кено

Игри на среќа кај кои учесникот во играта на среќа ги добива потврдите за уплата во електронска форма на терминал или автомат и извлекувањето се врши од страна на централата по пат на електронскиот или механичкиот генератор на случајноста. Резултатот во согласност со правилата на играта електронски се пренесува и прикажува на терминалите.

 
Елементи за утврдување на царински давачки

Се царинската стапка и износот на давачки според Царинската тарифа и тарифното распоредување на стоката, потеклото на стоката, царинската вредност на стоката, како и количината, видот и состојбата на стоката.

 
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија