Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.
Хармонизација на придонесите
Усогласување на основиците за плаќање на придонесите за социјално осигурување (придонес за пензиско и инвалидско осигурување, здраствено осигурување и вработување).
Хартии од вредност
Се следниве инструменти: акции во трговски друштва, обврзници, благајнички запис, комерцијален запис, државен запис, сертификат за депозит, акции и удели во инвестициони фондови кои работат според Законот за инвестициони фондови, дериватни финансиски инструменти, потврда за странска хартија од вредност и други финансиски инструменти. Може да бидат:
- долгорочни хартии од вредност - хартија од вредност чиј рок на пристигнување е една календарска година или подолго од денот на нејзиното издавање.
- краткорочни хартии од вредност - хартија од вредност чиј рок на пристигнување е пократок од една календарска година од денот на издавањето.