ПРЕДУСЛОВИ за поднесување на “МПИН“ пресметка од страна на обврзникот за пресметка и уплата на придонеси
- да биде регистриран во соодветен регистар;
- да има најмалку еден вработен;
- да поседува и да има инсталирано Код за идентификација;
- да има инсталирано клиентски софтвер.
Регистрација за добивање на Код за идентификација
Доколку не поседувате Код за идентификација за електронско потпишување на МПИН, преземете го „Барање за код за идентификација за интегрирана наплата“ (образец УЈП-УД-3.2-20) и доставете го до надлежната Регионална Дирекција на УЈП. Кодот служи за електронско потпишување на образецот “МПИН“ од страна на обврзникот за пресметка и уплата на придонеси.
Месечната пресметка за интегрирана наплата се поднесува преку клинтскиот софтвер на образец “МПИН“.