Лично и годишно даночно ослободување
Годишното лично ослободување е ослободувањето што го остварува обврзникот на персонален данок на доход при годишно пресметување на данокот на доход во Годишната даночна пријава или во Годишниот даночен биланс и кое во месечни износи го користат примателите на плата.
Износот на годишното лично ослободување го објавува Министерот за финансии и истото пред почетокот на секоја година се валоризира со планираниот пораст на нето платите на вработените во Република Македонија (види преглед на лично ослободување).