ОБВРЗНИК ЗА ПЛАЌАЊЕ на придонеси од задолжително социјално осигурување е физичко лице/осигуреникот во чие име и за чија сметка се плаќаат придонесите и персоналниотданок, односно:
- Работник во работен однос кај правно лице
- Извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво и управител во трговско друштво, доколку не се осигурени по ниеден друг основ
- Самовработено лице
- Индивидуален земјоделец (односно носител на семејно земјоделско стопанство од прва, втора и трета категорија согласно со Законот за земјоделство и рурален развој, почнувајќи од 1 декември 2017 година)
- Верско службено лице
- Привремено невработено лице додека прима паричен надоместок од осигурување во случај на невработеност, согласно со Закон
- Работник на кој му мирува работниот однос поради користење неплатено родителско отсуство
- Инвалид на трудот за време на користење на право на професионална рехабилитација согласно
со закон
- Самостоен уметник кој со таков статус се здобил според критериумите, во соодветна постапка и со соодветен акт на министерот за култура
- Врвен спортист кој со таков статус се здобил според критериумите, во соодветна постапка и со
соодветен акт на Агенцијата за млади и спорт
ОБВРЗНИК ЗА ПРЕСМЕТКА И УПЛАТА на придонеси од задолжително социјално осигурување е субјектот кој има обврска на товар и за сметка на обврзникот за плаќање на придонеси да ги пресмета, задржи и уплати придонесите и персоналниот данок.
- Работодавач
- Правно лице – исплатувач на паричен надоместокот
- Самовработено лице
- Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија
- Фондот за здравствено осигурување на Македонија
- Работодавач или Фондот за здравствено осигурување на Македонија за работник кој зема надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа, согласно со закон
- Агенцијата за вработување на Република Македонија
- Министерство за здравство
- Управа за извршување на санкции
- Установа од областа на образованието
- Професионален спортски клуб
- Извршител
- Стечаен управник
Поднесување на пресметка за плата за специфични категории
- ФПИОМ поднесува образец “МПИН“ пресметка за самовработено лице; верски службени лица; индивидуалните земјоделци, односно носители на семејно земјоделско стопанство; лицата во продолжено осигурување само за придонесот за пензиско и инвалидско осигурување; Граѓанин на Република Македонија кој е упатен на школување во странство, како и странец кој се наоѓа на школување во Републиката ако државата, чиј граѓанин е тој, исто така постапува со граѓани на Република Македонија, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Македонија поинаку не е определено; државјанин на РМ вработен во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување, а имал живеалиште на територијата на РМ непосредно пред засновање на работниот однос во странство; странец кој на територијата на РМ е во работен однос или во служба на странски физички лица и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва; државјанин на РМ кој на територијата на РМ е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски и конзуларни претставништва, во лична служба на странски дипломатски и конзуларни претставништва или е во лична служба на странци, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Македонија поинаку не е определено; државјанин на РМ вработен во странство во држава во која е задолжително осигурен, но во која правата од пензиско и инвалидско осигурување неможе да ги остварува или неможе да ги користи надвор од таа држава; како и “МПИН“ пресметка за пензионерите само за придонесот за задолжително здравствено осигурување.
- АВРМ поднесува “МПИН” образец за невработените лица кои примаат паричен надоместок, за лицата кои се на обука, преквалификација или доквалификација и осигуреник кој пристапил во продолжено осигурување согласно Закон.
- ФЗОМ поднесува “МПИН” пресметка за верски службени лица; индивидуалните земјоделци односно носители на семејно земјоделско стопанство; државјанин на РМ вработен во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување, а имал живеалиште на територијата на РМ непосредно пред засновање на работниот однос во странство; државјанин на РМ кој прима странска пензија или инвалиднина додека престојува на територијата на Републиката; странец кој на територијата на РМ е во работен однос или во служба на странски физички лица и правни лица, меѓународни организации и установи или странски дипломатски и конзуларни претставништва; странец кој се наоѓа на школување или стручно усовршување во Републиката; сите лица кои немаат право на здравствено осигурување по друга основа.
- Министерство за здравство за граѓани на Република Македонија кои не се дефинирани како обврзници за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување по ниедна друга основа; и работник на кој му мирува работниот однос поради користење неплатено родителско отсуство.
- Министерството за култура е обврзник за пресметка и уплата за врвни уметници.
- Агенцијата за млади и спорт е обврзник за пресметка и уплата за врвните спортисти кои се стекнале со таков статус врз основа на решение од Агенцијата.
- Професионален спортски клуб за спортист аматер.
- Биро за регионален развој поднесува МПИН пресметка само индивидуалните земјоделци со кои Бирото има склучено договор за субвенционирање на придонесот за ПИО.
- Центар за социјални работи поднесува МПИН пресметка за исплата на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на потешко хендикепирано дете.
- Општината (локална самоуправа) е обврзник за пресметка и уплата за невработените лица кои ќе извршуваат јавни работи.
- Установа од областа на образованието за ученик и студент за време на практична работа.
- Управа за извршување на санкции за лица на издржување на казна затвор за време на редовна работа што ја врши во текот на издржување на казната.
- Извршител за обврзник за плаќање за кој има спроведено наплата од парични средства за придонеси по основ извршување на судска пресуда.
- Стечаен управник за обврзник за плаќање вработен кај должникот кого го застапува и претставува, за месеци пред отварање на стечајната постапка, доколку распределениот дел од стечaјната маса за придонеси е помал од обврската за придонеси пресметана од должникот.