Memorandum_mk
Автоматско враќање на средства

Автоматско враќање на средства претставува износ за кој автоматски се намалува обврската за плаќање на придонесот и персоналниот данок за наредниот месец.

Доколку во наредниот месец обврзникот за плаќање нема обврска за плаќање на придонеси / персонален данок (пр. користи породилно боледување), во тој случај автоматскиот поврат ќе се реализира во нареден/и месеци во кои ќе биде искажана обврска за плаќање.

Автоматскиот поврат се реализира по лице и по вид на придонес / персонален данок. Доколку за одредено лице се платени повеќе придонеси / персонален данок истите како автоматски поврат може да ја намалат обврската единствено за тоа лице и за соодветниот вид на придонес.

Износот на повеќе платен придонес и персоналниот данок во тековниот месец се јавува како Автоматско враќање на средства (износ кој се одбива од месечниот износ на придонес) во „Декларацијата за прием“ за наредниот месец.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија