Memorandum_mk
Пријавување на поврзаното лице во УЈП

Лицата кои сакаат да се регистрираат како поврзано лице треба да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност на поврзани лица (образец ДДВ-01/ПЛ). Пријавата ја пополнува претставникот на поврзаното лице и истата се поднесува во онолку примероци колку што лица се поврзуваат во поврзаното лице .

Пријавата се поднесува до Регионалната дирекција на УЈП, според седиштето на претставникот на поврзаното лице или по електронски пат.

* За извршената регистрација на поврзаното лице за целите на ДДВ, УЈП донесува решение за регистрација за данокот на додадена вредност на поврзани лица во кое се наведува ДДВ бројот на поврзаното лице, претставникот на поврзаното лице, лицата кои се дел од поврзаното лице, датумот на отпочнување на делување на поврзаното лице, првиот даночен период, како и даночниот период на поднесување на ДДВ пријавите.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија