Регистрацијата на поврзано лице овозможува две или повеќе лица регистрирани за целите на ДДВ да се пријават како едно лице кое подлежи на оданочување со ДДВ, односно како еден даночен обврзник за ДДВ и истото ќе се третира како и секое друго единечно лице регистрирано за целите на ДДВ.
Услови за регистрација на поврзано лице
За да се регистрира едно поврзано лице мора да бидат исполнети следните услови:
- лицата да се регистрирани за целите на ДДВ;
- лицата да не вршат повеќе од 40% од вкупниот промет во претходната година на име промет ослободен од данок без право на одбивка; и
- меѓу лицата да постои организациска, сопственичка или управувачка поврзаност.