- кај прометот на добра - во моментот кога е извршен прометот на доброто.
- кога доброто се превезува или испраќа - во моментот на започнување на превозот или на испраќањето.
- кога доброто се монтира или инсталира - моментот на завршување со работите на монтажа или инсталирање.
- кај вршење услуги - во моментот на целосно извршување на услугата.
- кога плаќањето е извршено пред извршување на прометот - моментот кога е добиено плаќањето во висина на данокот за добиениот износ.
- кај периодичен или континуиран промет кој предвидува последователни плаќања - денот на кој е издадена фактура за соодветниот период.
- кај економски делив промет кој се должи и извршува во делови - денот во кој е извршен соодветниот дел од прометот.
- кај автомати за продажба на добра или за извршување на услуги кои работат со монети, книжни пари или жетони - денот на кој монетите, книжните пари или жетоните се вадат од автоматот.
- при увоз на добра - денот на настанување на обврската за плаќање на царина и другите увозни давачки или денот на внесување на доброто во земјата, кога се работи за добро кое не подлежи на плаќање царина.
- за добра кои подлежат на режимот на добра во слободни зони, царински зони, царински складови, добра во транзит или привремено увезени добра - моментот кога доброто се пушта во слободен промет.
- во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршени од страна на закупецот, се смета:
1. Денот на престанување на договорот за закуп, во случај на истекување на времето за кое е склучен, освен кога закупот се продолжува; или
2. Денот на раскинување или откажување на договор за закуп; или
3. Денот кога е извршена уплатата на надоместокот од страна закуподавачот, кога за време на важноста на договорот за закуп е извршен прометот со надомест од закупецот кон закуподавачот.
- за време на настанување на даночен долг во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување се смета денот кога е извршена целосна уплата на постигнатата крајна цена од страна на стекнувачот на доброто, освен кога доверителот се стекнува со доброто.
|
|
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија
|