Од данок на додадена вредност се ослободени:
- прометот и увозот на инвестициско злато, вклучително инвестициското злато претставено со сертификати за алоцирано (асигнирано) или неалоцирано (неасигнирано) злато или е тргувано преку сметки за трговија со злато, како и заемите во злато и свопови со злато (swap) со кои се стекнува право на сопственост или побарување во врска со инвестициско злато, и трансакции во врска со инвестициско злато кои вклучуваат договори за фјучерси и форворди чиј резултат е пренос на правото на сопственост или побарувањето во врска со инвестициско злато;
- прометот на услуги на посредникот, што дејствуваат во име и за сметка на трети лица, доколку тој посредува во прометот на инвестициско злато до неговите налогодавачи;
За прометот на инвестициско злато кој е ослободен од данок на додадена вредност, даночниот обврзник има право на одбивка на платениот данок согласно членовите 38-б и 38-г.