Постапката за директно ослободување од ДДВ на прометот на добра и услуги и увозот на добра за реализација на проекти финансирани со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен помеѓу Република Македонија и странски донатори, се применува доколку во договорот е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци.
Кај проектите кои се финансирани во рамки на инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведуваат во услови на децентрализирано управување, даночното ослободување се однесува и за делот на средствата од национално кофинансирање обезбедено од Буџетот на Република Македонија и тоа од сопствени средства или од други извори на финансирање.
Преземете го Упатството за остварување на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови во кое подетално се опишани постапките за остварување на правото на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови; начинот и роковите за поднесување на Пријава за промет на добра и услуги ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-ПЕФ-ДО“) до УЈП; начинот за издавање и сторнирање на Фактура за промет ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-ФП-ДО“); и начинот и роковите за поднесување на Eвиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот (образец “ДДВ-ЕПФ“).