Memorandum_mk
Преглед на повластени даночни стапки
Лекови

Реден број Глава / Тарифен број Наименување на стоките според Номенклатурата на царинската тарифа
1. 3006 40 00 00

 

Забарски цементи и други забарски полнила; цементи за реконструкција на коски

 

2. 3006 60

 

Хемиски средства за контрацепција врз база на хормони, на производи од тар. Број 2937 или на спермициди

 

3. 3001

Жлезди и други органи за органотерапевтски цели, сушени, вклучувајќи ги и во прав; екстракти од жлезди или од други органи или од нивни секрети за органотерапевтски цели; хепарин и негови соли; други човечки или животински материи приготвени за терапевтски или профилактички цели, неспоменати ниту опфатени на друго место

 

4. 9018 90 84 00*

-Друго


(*Напомена: се применува само за интраутерин систем со levonorgestrel)
 

5. 3003*


Лекови (освен производите од тар. броеви 3002, 3005 или 3006) што се состојат од две или повеќе состојки што се измешани заедно за терапевтска или профилактичка употреба, но кои не се приготвени во одмерени дози ниту во форма или пакување за малопродажба
 

(*Напомена: се применува само за лекови за хумана медицина)

6. 3002*

 

Човечка крв; животинска крв приготвена во терапевтски или профилактички или дијагностички цели; антисеруми или други фракции на крв и модификувани имунолошки производи, без оглед на тоа дали се добиени или не се добиени со биотехнолошки процеси; вакцини, токсини, микробски култури (освен на квасец) и слични производи.

(*Напомена: не се применува за тар.ознака 3002 30 00 00 вакцини за ветеринарна медицина)

 

7. 3004*


Лекови (освен производите од тар. броеви 3002, 3005 или 3006) што се состојат од измешани или неизмешани производи за терапевтска или профилактичка употреба, приготвени во одмерени дози (вклучувајќи ги и оние во форма на трансдермален систем на апликацила) или во форми или пакување за продажба на мало

(*Напомена: се применува само за лекови за хумана медицина)

8. 3006 30 00 00

 

Контрастни средства за радиографски испитувања; дијагностички реагенси наменети за употреба кај пациентите

 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија