Во даночни ослободувања во земјата без право на одбивка на предходниот данок спаѓаат:
- прометот на станови и станбени згради, во оној дел во кој истите се користат за станбени цели, со исклучок на првиот промет кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата;
- изнајмување станбени објекти и станови, доколку истите се користат за станбени цели;
- промет на поштенски и таксени марки по нивната номинална вредност, коверти, поштенски картички, контролни маркици (бандероли);
- поштенски услуги на Македонската пошта;
- банкарски и финансиски промет;
- услуги на осигурување и реосигурување;
- игри на среќа и забавни игри;
- прометот од установите што вршат дејност од областа на културата со непрофитна цел за културните услуги и добра непосредно поврзани со тие услуги во согласност со прописите од областа на културата и прометот од ботанички градини, животински паркови, паркови, архиви и документациони центри;
- влезници за јавни настани кои се од национален интерес од областа на културата, а кои јавни настани како такви се утврдени и се финансираат преку годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за годината во која се одржува јавниот настан донесена од Министерството за култура;
- услуги на радио-дифузни и телевизиски станици, освен нивните комерцијални дејности;
- здравствени услуги на болници, клиники, здраствени домови, медицински и хемиски лаборатории за дијагностика, центри за рехабилитација и други слични установи;
- услуги и промет на добра од страна на установи за социјална грижа и заштита, како и услуги на домови за хоспитализирање, нега и лечење на стари лица;
- услуги во рамките на згрижување и надзор на деца и младинци, како и со нив тесно поврзан промет на добра;
- услуги во рамките на сместувањето на деца и младинци, и со нив тесно поврзан промет на добра
- услуги на доктори, стоматолози, забни техничари и други медицински професии, како и испорака на забни протези од страна на стоматолози и забни техничари;
- превоз на болни и повредени лица со специјални возила;
- промет на човечка крв, мајчино млеко, човечки органи, клетки и ткива;
- образовни услуги;
- услугите на погребални институции и крематориуми и прометот на добра поврзан со вакви услуги;
- меѓународен превоз на патници;
- употреба на јавен пат, негов дел или објект на патот (патарина);
- употреба на јавните патишта за моторни и приклучни возила (патна такса); и
- промет на добра и користење на истите за кои било исклучено правото на одбивка на претходните даноци при нивната набавка, нивното производство или нивниот увоз.
|
|
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија
|