Согласно Законот за данокот на личен доход, oбврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на Коронавирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците ноември и декември 2020 година, како и за месеците јануари и февруари 2021 година.
За остварување на правото, даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход до Управата за јавни приходи. Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок https://e-pdd.ujp.gov.mk, а комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 10 дена од денот на доставувањето на барањето.
|