Органот за јавни приходи изготвува годишна даночна пријава за обврзникот, која ги содржи податоците за остварениот доход и платените аконтации на данокот во текот на годината за која се утврдува данокот.
Годишната даночна пријава, органот за јавни приходи ја доставува до обврзникот најдоцна до 30-ти април наредната година.
Обврзникот на данокот на доход е должен да ја потврди точноста на податоците од доставената пополнета годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31-ви мај.
Доколку обврзникот не ја потврди или коригира доставената пополнета годишна даночна пријава во рокот, доставената пополнета годишна даночна пријава се смета за потврдена.
|