Годишниот даночен биланс (образец “ДЛД-ДБ”) го пополнува обврзникот на данок на доход регистриран како трговец-поединец, како и физичко лице кое се занимава со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лице кое врши услуга или слободно занимање, а кој остварува доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Законот за данокот на личен доход.
Обрасците “ДЛД -ДБ” и “Б” задолжително се поднесуваат до УЈП по електронски пат преку e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 15 март во наредната година, како и до Централниот регистар на РСМ.
|