Memorandum_mk
Преглед на образец
Барање за олеснување односно ослободување од данок на приход од авторски права / Claim for relief or examption from tax on royalty
Кратко име: ЗД-О/АП
Тип на данок: Данок на добивка

Барањето за олеснување односно ослободување од данок на приход од авторски права (образец “ЗД-О/АП“) врз основа на одредбите од меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување се пополнува во 4 примероци: за надлежниот даночен орган на странската држава; за примателот на приходот од авторски права; за исплатувачот на приходот од авторски права; за Управата за јавни приходи.

Пред исплатата на приходот, примателот пополнува 4 примероци од барањето и ги поднесува до надлежниот даночен орган во државата на која е резидент со цел да се потврди дека е резидент на таа држава (со пополнување и заверување на делот 6 од образецот).
Надлежниот даночен орган на странската држава задржува еден примерок од образецот.
Примателот останатите три примероци од образецот ги доставува на исплатувачот, а исплатувачот трите примероци, комплетно пополнети, ги доставува до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи ја спроведува потребната контрола, го заверува поднесеното барање, задржува еден примерок за свои потреби, а останатите два примероци ги враќа на исплатувачот на приходот (за исплатувачот и за примателот на приходот).

За секоја исплата на приход од авторски права се поднесува ново барање. Управата за јавни приходи може, во случаи кога исплатувачот исплатува приход од авторски права во еднакви временски периоди по иста основа, да одобри олеснувања за подолг временски период.

Pdf_16   Барање за олеснување односно ослободување од данок на приход на авторски права / Claim for relief or examption from tax on royalty  (615 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија