Даночниот период за кој се утврдува даночната обврска во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”) е една календарска година. Доколку даночниот обврзник работел за период пократок од една календарска година, за даночен период се смета периодот во кој работел.
Даночниот биланс се поднесува најдоцна до 28 (29) февруари за годината што претходи, до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk
Образецот “ДБ“ може да се достави најдоцна до 15-ти Март доколку даночниот обврзник Годишната сметка до Централниот регистар ја доставил во електронска форма.
Обврзникот кај кој е отворена постапка за ликвидација, постапка на стечај или кај кој настанале статусни промени, образецот “ДБ” го доставува во рок од 60 дена од денот на отворањето на постапката, односно од денот на настанувањето на статусните промени.
Напомена: Доколку доставувате Даночен биланс за оданочување на добивка (образец ДБ) за утврдување на даночната обврска за 2017 и 2018 година истиот доставете го на стариот образец.
|