Memorandum_mk
Преглед на образец
Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност за странско лице преку даночен застапник
Кратко име: ДДВ-01/СЛ-ДЗ
Тип на данок: Данок на додадена вредност

Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност за странско лице преку даночен застапник задолжително ја поднесува странско лице коe нема седиште, ниту подружница на територијата на Република Северна Македонија, а коe врши промет на добра и услуги во земјата кои подлежат на оданочување со данок на додадена вредност согласно Законот за данокот на додадена вредност. Обврската за регистрација странското лице треба да ја исполни пред отпочнувањето на вршењето на оданочивиот промет на територијата на РСМ. При регистрација не се зема во предвид вкупниот промет од 2 милиони денари пропишан во членот 51 ставот (1) од Законот за данокот на додадена вредност. Пријавата за регистрација се доставува од страна на странското лице или од лице овластено од него, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, според седиштето/живеалиштето на лицето кое е назначено како даночен застапник.

Pdf_16   Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност за странско лице преку даночен застапник  (90 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија