Барањето на согласност за признавање на расход од работењето на обврзникот во даночен биланс образец ДЛД-БС се поднесува согласно член 24 од Законот за данокот на личен доход за средствата кои имаат сегашна вредност и кои понатаму не можат да се користат, врз основа на изјава од обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност. Образецот ДЛД-БС се поднесува електронски преку e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до 31 јануари во годината која следува по годината за која барањето се поднесува.
|