Управата за јавни приходи по барање на физичко лице - нерезидент издава потврда за платениот данок во Република Северна Македонија, согласно член 83 став 2 од Законот за данокот на личен доход.
Потврда за платен данок во Република Северна Македонија за физичко лице - нерезидент се издава по претходно поднесено Барање (образец Б-ППД/ФЛ).
Барањето (образец Б-ППД/ФЛ) се поднесува во надлежната организациона единица на Управата за јавни приходи.
Доколку Барањето (образец Б-ППД/ФЛ) се поднесува преку законски застапник или полномошник на барателот, во прилог на барањето се доставува копија од доказ за законски застапник или овластување (полномошно) во име и за сметка на обврзникот да се преземаат дејствија во даночната постапка.
Напомена: Доколку Барањето (обрасци Б-ППД/ФЛ) го поднесува исплатувачот на доход во РСМ, во прилог на барањето потребно е да се приложи овластување (полномошно) или известување во кое ќе биде препознаена согласноста и волјата на нерезидентот - исплатувачот на доход во име и за сметка на нерезидентот да преземе дејствија во оваа даночната постапка и да ги употребува личните податоци на физичкото лице – нерезидент во постапката на прибавување на потврдата. Во известувањето треба да бидат наведени сите потребни податоци поврзани со Барањето (изјава за согласност, вид и износ на доход, период, држава на резидентност и др.).
Во прилог на Барањето (образец Б-ППД/ФЛ) задолжително се доставува копија од валиден документ за доказ на идентитет на физичкото лице – нерезидент.
За издавање на потврда за платен данок во Република Северна Македонија на нерезидент предвидено е плаќање на административни такси во вкупен износ од вкупно 50 денари (за барањето), согласно член 37 и Тарифен број 1 од Законот за административните такси.
За повеќе информации во врска со поднесување на барање и издавање на потврда за платен данок во Република Северна Македонија за физичко лице – нерезидент кликни тука.
|