|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
|
|
|
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
|
|
|
|
Кратко име: |
Б-ППД/ПЛ |
Тип на данок: |
Данок на добивка |
Управата за јавни приходи по барање на правно лице - нерезидент издава потврда за платениот данок во Република Северна Македонија, согласно член 23 став 4 од Законот за данокот на добивка.
Потврда за платен данок во Република Северна Македонија за правно лице - нерезидент се издава по претходно поднесено Барање (образец Б-ППД/ПЛ).
Барањето (образец Б-ППД/ПЛ) се поднесува во надлежната организациона единица на Управата за јавни приходи.
Доколку Барањето (образец Б-ППД/ПЛ) се поднесува преку законски застапник или полномошник на барателот, во прилог на барањето се доставува копија од доказ за законски застапник или овластување (полномошно) во име и за сметка на обврзникот да се преземаат дејствија во даночната постапка.
Напомена: Доколку Барањето (обрасци Б-ППД/ПЛ) го поднесува исплатувачот на приходи во РСМ, во прилог на барањето потребно е да се приложи овластување (полномошно) или известување во кое ќе биде препознаена согласноста и волјата на нерезидентот - исплатувачот на приходи во име и за сметка на нерезидентот да преземе дејствија во оваа даночната постапка и да ги употребува податоците на правното лице – нерезидент во постапката на прибавување на потврдата. Во известувањето треба да бидат наведени сите потребни податоци поврзани со Барањето (изјава за согласност, вид и износ на приход, период, држава на резидентност и др.).
За издавање на потврда за платен данок во Република Северна Македонија на нерезидент предвидено е плаќање на административни такси во вкупен износ од вкупно 50 денари (за барањето), согласно член 37 и Тарифен број 1 од Законот за административните такси.
За повеќе информации во врска со поднесување на барање и издавање на потврда за платен данок во Република Северна Македонија за правно лице – нерезидент кликни тука.
|
|
|
|
|
|
|
|