Врз основа на Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, за остварување на правото работодавачот поднесува Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување до Управата за јавни приходи.
Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 5 дена од денот на доставувањето на барањето.
|