Врз основа на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на финансиски средства за месеците април и мај2020 година, за остварување на правото физичкото лице кое врши самостојна дејност поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи. Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок http://е-pdd.ujp.gov.mk, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.