Обврзник може да поднесе барање за продолжување на доспеаноста на плаќањето на данок кога постојат сериозни сомневања во правилноста на даночното решение или кога доспеаноста за даночниот обврзник би претставувала нарушување на неговото постоење поради објективни околности кои настанале непосредно пред доставувањето на барањето. УЈП-УН-З.2-59. Продолжувањето на доспеаноста е условено со гаранција за обезбедување на плаќањето, односно без гаранција, за даночните обврзници кои во претходниот даночен период немаат даночни долгови, но најмногу до 90 дена.
Барањето се поднесува во писмена форма до надлежната даночна канцеларија на УЈП според местото на седиште/живеалиште на даночниот обврзник или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk
Обврзникот е должен да уплати административни такси во износ од 300 денари (50 денари за барањето и 250 денари за решението).
Административната такса може да ја платите на уплатница Налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„.
|