Даночниот обврзник може до Управата за јавни приходи да поднесе Барање за увид во даночни акти (образец УЈП-ПР-3.2-22/1) со кое може да бара увид во неговите даночни акти согласно и под условите определени во член 8 од Законот за даночна постапка.
Барањето се поднесува во писмена форма до надлежната даночна канцеларија на УЈП според местото на седиште/живеалиште/престојување на даночниот обврзник или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk
За поднесување на Барањето предвидено е плаќање на административна такса во вкупен износ од 50 денари.
Административната такса може да ја платите на уплатница Налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„.
|