После одобрено одложено плаќање на даночен долг со Решение на Управата за јавни приходи, даночниот обврзник може до Управата за јавни приходи да поднесе Барање (образец УЈП-ПН-З.2-27/1) со кое може да бара промена на бројот на преостанати рати согласно член 111-г став 2 од Законот за даночна постапка.
Промена на бројот на ратите може да се бара само кај одобреното одложено плаќање на даночниот долг на рати, а не и при одобрено еднократно одложено плаќање на даночниот долг.
Со одобрувањето на промената на бројот на ратите ќе се овозможи даночниот долг да се плаќа најмногу на 36 месечни рати, сметајќи го и бројот на веќе поминати рати.
Барањето се поднесува во писмена форма до надлежната даночна канцеларија на УЈП според местото на седиште/живеалиште/престојување на даночниот обврзник или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk
За поднесување на Барањето предвидено е плаќање на административни такси во вкупен износ од 300 денари, односно 50 денари за барањето и 250 денари за решението.
Административната такса може да ја платите на уплатница Налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„.
|