Субјектот надлежен за постапката за присилна наплата, односно присилно извршување има обврска во име и за сметка на должникот да го пресмета и плати данокот на додадена вредност за прометот на добрата кои се предмет на продажба во постапка на присилна наплата или присилно извршување.
Субјектот надлежен за спроведување на постапката Извештајот “ДДВ-ПНПИ“ и изготвениот акт кој е основ за стекнување со сопственост на добрата треба да ги достави до Управата за јавни приходи, до должникот и до стекнувачот на доброто:
- во постапка на присилна наплата - најдоцна во рок од 5 работни дена од денот кога е извршена целосна уплата од страна на стекнувачот на доброто.
- во постапка на присилно извршување - најдоцна во рок од 5 работни дена од денот на одржаната делба.
Извештајот “ДДВ-ПНПИ“ се доставува до УЈП по електронски пат, преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
|