Вршителот на прометот заради остварувањето на ослободувањето од плаќање на ДДВ на прометот на добра и услуги наменети за реализација на проект согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност, го пријавува прометот на добра и услуги до Управата за јавни приходи.
Пријавувањето на прометот се врши по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk со поднесување на Пријава за промет на добра и услуги ослободен од ДДВ согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ПЕФ-ДО).
Сторнирање на фактура
Доколку вршителот на прометот утврди дека пријавил неточни или нецелосни податоци и износи за промет ослободен од ДДВ согласно член 24-а од Законот, треба да изврши сторнирање на Фактурата (ДДВ-ФП-ДО) за која УЈП има доделено сериски број.
Сторнирањето се врши со поднесување на нова Пријава ДДВ-ПЕФ-ДО, во која треба да се пополнат само податоците за вршителот на прометот и податоците за фактурата која се сторнира.
Сторнирање на издадена фактура се врши најдоцна до рокот за доставување на Годишната сметка за соодветниот даночен период за кој се однесува издадената фактура.
|