Memorandum_mk
Преглед на образец
Изјава за платен данок на добивка
Кратко име: И-ПД
Тип на данок: Данок на добивка

Исплатувачот на дивиденда пополнува Изјава за платен данок на добивка (образец “И-ПД“) и му ја доставува на примателот на дивидендата.

Даночната основа (разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи во износи утврдени согласно прописите за сметководство и сметководствени стандарди зголемена за непризнаените расходи согласно Законот за данокот на добивка) се намалува за износот на приходите од дивиденди остварени со учество во капиталот на друг обврзник - резидент на Република Македонија, под услов да се оданочени кај обврзникот кој врши исплата на дивиденда.

За остварување на ова право, примателот на дивиденда ја приложува Изјавата “И-ПД“ кон Даночниот биланс за оданочување на добивката (образец “ДБ“).

Pdf_16   Превземи го документот  (241 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија