Согласно одредбите од Законот за Управа за јавни приходи (чл,4, ст.3) „Управата за јавни приходи спроведува постапки за заемно договарање во областа на даноците согласно склучените меѓународни договори и конвенции“.
Согласно наведеното, Управата за јавни приходи е надлежен орган за спроведување на постапките за заемно договарање во областа на даноците со странски надлежни даночни органи врз основа на склучените договори за одбегнување на двојно оданочување и заштита од фискална евазија помеѓу Република Северна Македонија и други земји. Договорите се достапни на следниот линк од веб страната на УЈП: http://ujp.gov.mk/mk/regulativa/pregled/tr/md
Барањата од даночните обврзници се доставуваат во писмена форма на следната адреса:
Управа за јавни приходи, Генерална дирекција Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, 1000 Скопје
Информации за постапката за заемно договарање може да се добијат преку:
е-пошта: map@ujp.gov.mk
телефон: 02/3299 543