Обрасци кои се поднесуваат во даден месец
ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави и плаќање на даноците во законски предвидените рокови.
Во календарот даден е преглед на роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава и да извршите плаќање по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава или да се изврши плаќање на данокот е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.
Ноември
П |
В |
С |
Ч |
П |
С |
Н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
Обрасци кои се поднесуваат во месец Ноември
Рок | Образец | Даночен обврзник | Опис |
---|---|---|---|
до 10-ти во месецот | МПИН | Работодавaчи | Поднесете Месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) на бруто-плата односно придонеси од задолжително социјално осигурување и ДЛД од плати за изминатиот месец. |
до 15-ти во месецот | ДЛД-ДБ | Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност | Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на личен доход по основ на “ДЛД-ДБ“ преку реализација на ПП53 налогот од електронската пресметка “МДЛД” во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk |
до 15-ти во месецот | МПИН | Работодавaчи | Извршете плаќање по основ на Месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) на бруто-плата односно придонеси од задолжително социјално осигурување и ДЛД од плати за изминатиот месец. |
до 15-ти во месецот | е-ППД | Паушалисти | Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на личен доход од вршење самостојна дејност преку реализација на ПП53 налогот од Електронски пресметки (е-ППД) кои се прилог кон решенијата за утврдување на годишниот данок за доходот остварен од вршење дејност во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk |
до 15-ти во месецот | е-ППД | Граѓани | Извршете плаќање на аконтацијата на данокот на личен доход преку реализација на ПП53 налогот од одобрените Електронски пресметки (е-ППД) кои ги имате поднесено за остварениот доход во земјата и странство во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk |
до 15-ти во месецот | ДБ | Фирми | Извршете плаќање на месечната аконтација за данокот на добивка (МДБ) |
до 25-ти Ноември | ДДВ-04 | Фирми и граѓани | Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен даночен обврзник, задолжително: 1) поднесете даночна пријава “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk 2) извршете плаќање по основ на поднесената даночна пријава “ДДВ-04”. |