Memorandum_mk
Даночни намалувања кај доход од авторски и сродни права

Намалување на даночна основа при утврдувањето на нето доходот

При утврдување на доходот од авторски и сродни права се признаваат следните нормирани трошоци:

  • 50% од надоместокот - за вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж;
  • 40% од надоместокот - за уметничка фотографија, ѕидно сликарство и сликарство во простор во техниките: фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил (ткаен текстил, печатен текстил и слично), сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста;
  • 30% од надоместокот - за научни, стручни и публицистички дела, изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарското и филмското актерство, за рецитирање,снимање филмови и идејни скици за таписерија и идејни скици за костимографија;
  • 20% од надоместокот - за преводи, предавања и слични интелектуални творби, изведување естрадни програми на забавна и народна музика како и за други авторски дела и предмети на сродни права кои не се наведени во горенаведените точки.
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија