Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Регистрирајте се на системот е-даночни услуги!

Секое физичко лице кое остварува доход кој подлежи на оданочување и истиот сака да го  пријави по електронски пат во Управата за јавни приходи  потребно е да се регистрира на  системот е-Даночни услуги e-ujp.ujp.gov.mk.

При регистрацијата на е-Даночни услуги имајте предвид дали сте веќе корисник на електронските даночни услуги е-Даноци etax-fl.ujp.gov.mk

Странско физичко лице, односно нерезидент на Република Северна Македонија, се регистрира како корисник на системот со ЕДБ доделен од УЈП.

ПОСТАПКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА Е-ДАНОЧНИ УСЛУГИ

Постапката за регистрација е лесна и едноставна. Единствен услов за регистрација на системот е да имате валидна е-пошта, која ќе биде корисничко име (user name) за ваша најава на системот e-ujp.ujp.gov.mk и ќе ви служи за комуникација со Управата за јавни приходи.
На почетната страница на e-ujp.ujp.gov.mk се кликнува на копчето Нов корисник – физичко лице.
Регистрација на нов корисник (се отвора мени во кое се внесуваат лични податоци за физичкото лице и понатаму системот Ве води чекор по чекор за регистрација).
Откога ќе се пополнат сите податоци кои се задолжителни како и податокот дали корисникот ке дозволи овластувања од други лица (физички и правни), се прави контрола дали корисникот веќе постои или веќе е регистрирана електронската пошта.
Доколку нема таков корисник, на наведената е–пошта, по притискање на копчето испрати код, се добива код за верификација.

Откако ќе се внесе кодот во соодветното поле и ќе се притисне копчето Регистрирај се, корисникот добива порака на назначената е-пошта во која се содржи барањето за регистрација кое треба да биде одобрено на шалтер во најблиската даночна канцеларија на УЈП. По одобрување на барањето од службено лице на УЈП вие веќе имате профил на системите на УЈП и слободно коже да ги користите електронските услуги на Управата за јавни приходи.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија