Memorandum_mk
Преглед на законска регулатива
Закон за данокот на додадена вредност
Име: Закон за данокот на додадена вредност
Објава: Службен весник на РСМ, бр.44/99 ... 124/19
Важи од: 26.06.2019 

Со овој закон се воведува данокот на додадена вредност и се уредува неговото пресметување и плаќање.
Данокот на додадена вредност, како општ потрошувачки данок, се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата, како и во целокупниот услужен сектор, освен ако не е поинаку пропишано со овој закон.
Предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е:

  1. Прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност и

  2. Увозот на добра.

Pdf_16   Превземи го документот  (316 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија