Со овој правилник се уредува формата и содржината на образецот на барањето за отпишување на пресметани неплатени камати по основ на обврските за јавни давачки и потребната документација.
Барањето за отпишување на пресметани неплатени камати по основ на обврските за јавни давачки се поднесува до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник, на образец БОК - Барање за отпис на пресметани неплатени камати по основ на обврските за јавни давачки кои доспеале за плаќање до 31.12.2008 година, кое е составен дел на овој правилник.
|