Memorandum_mk
Преглед на публикации

 

Потврдување на годишна даночна пријава за остварени приходи во 2019 година (2020)
Оваа брошура треба да ве упати како да се регистрирате на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk заради потврдување или коригирање на пополнетата годишна даночна пријава изготвена од страна на Управата за јавни приходи, за доходот коj како граѓанин (физичко лице - резидент на Република Северна Македонија) сте го оствариле во текот на 2019 година.
 

Пресметување и плаќање на е-Персонален данок на доход (2018)
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.190/2017), од 1 јануари 2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход (ПДД), односно пресметувањето на ПДД ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk...
 

Давање и примање на донации и спонзорства
Секогаш кога се остварува јавен интерес, а тоа е овозможено или поткрепено со донирање и спонзорство, даночните поттикнувања се посакувани. Оваа брошура треба да ви помогне како правилно да пристапите кон примената на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, односно што може да биде предмет на донација/спонзорство, кои се даночните поттикнувања ...
 

70 години Даночен систем и 20 години Ден на даночни работници во Република Македонија
По повод одбележувањето на Денот на даночниците на 29-ти Ноември 2017 година, како и јубилејното одбележување на 70 години - Даночен систем и 20 години - Ден на даночници во Република Македонија, Управата за јавни приходи издаде публикација во која е даден краток осврт на поставувањето на темелите и седумдецениските промени и реформи во македонскиот даночниот систем, како и за првите иницијативи за одбележување на Денот на даночниците, со цел давање на посебно место и улога на даночните работници во обезбедувањето на финансиската стабилност на државата. Нашата мисија е да обезбедиме висок квалитет на услуги за даночните обврзници, поедноставени даночни постапки за навремено и точно исполнување на обврските и праведно и ефикасно собирање на даноците и на другите јавни давачки. Чекорите и новитети кои ги воведуваме и на кои сме посветени имаат единствена цел - исполнување на нашата мисија, визија и вредности.
 

Приходи Предизвици Партнери (2019)
Денес оваа институција со гордост може да каже дека е модерна и транспаретна даночна управа, со клиентски ориентиран пристап кон даночните обврзници, што подразбира градење партнерски однос со секој даночен обврзник и обезбедување висок квалитет на услуги...
 

Приредување на игри на среќа и забавни игри (2020)
Преку оваа брошура треба да дознаете повеќе за видовите, условите, организацијата и начинот на приредување на игри на среќа и забавни игри во Република Северна Македонија, исплата и оданочување на добивките од игри на среќа...
 

Месечна пресметка за интегрирана наплата
УЈП прибира месечно податоци за пресметани плати, придонеси и персонален данок на доход, истите ги контролира и води евиденција, поединечно за секој обврзник.Концептот на бруто-плата и системот на интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок на плата бара подетално појаснување и прецизирање на повеќе прашања, поради што очекуваме дека оваа брошура ќе ви помогне...
 

Како да се заштитиме и делуваме против сивата економија?
Оваа брошура е изготвена согласно Стратегијата на Управата за јавни приходи за намалување на сивата економија во Република Македонија. Преку публикацијата сакаме да им укажеме на читателите дека оваа појава, која се јавува и во светски рамки, го поткопува и ослабува нашиот даночен и економски систем, но и дека сите граѓани, стопанственици и институции се засегнати страни кои единствено и заеднички можат да делуваат во намалување на сивата економија во Македонија.
 

Фискализација и регистрирање на готовинските плаќања (2018)
Оваа брошура треба да ве упати како да воведете фискален апарати, но и ќе ви помогне во разрешувањето на проблемите со кои ќе се сретнете во праксата, а се однесуваат на фискализацијата и издавањето фискална сметка.
 

Оданочување со данок на добивка (2020)
Накратко за пријавувањето и утврдувањето на данокот на добивка, поедноставниот даночен режим за мали и микро бизниси, задржувањето на данокот на исплатени приходи на странски правни лица и одбегнувањето на двојно оданочување или двојно ослободување.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија