Оваа брошура е изготвена согласно Стратегијата на Управата за јавни приходи
за намалување на сивата економија во Република Македонија. Преку публикацијата сакаме да им укажеме на читателите дека оваа појава, која се јавува и во светски рамки, го поткопува и ослабува нашиот даночен и економски систем, но и дека сите граѓани, стопанственици и институции се засегнати страни кои единствено и заеднички можат да делуваат во намалување на сивата економија во Македонија.