Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30    
Recnik
Правно лице и самостоен вршител на дејност

Преку користење на услугата „е-Промена на податоци”, фирмите (правни лица и вршители на дејност) можат брзо и едноставно преку телефонско јавување на бесплатниот број 0800 33 000 да извршат промена на нивните податоци кои се водат во Регистарот на даночни обврзници на УЈП.

Заради осигурување на висок степен на безбедност и заштита на податоците, даночниот обврзник услугата ќе може да ја користи само со ПИНКОД, кој е задолжителен за идентификација и без кој не може да се врши промена на регистрационите податоци. За доделениот пинкод, секоја фирма и ново регистриран даночен обрзник ќе добие известување од УЈП преку пошта.

Како се користи услугата ,,е-Промена на податоци”?

  1. Повикајте ја Управата за јавни приходи на бесплатната инфо линија 0800 33 000.
  2. За идентификација, на даночниот оператор задолжително треба да му го соопштите вашиот Пинкод, Едиствен даночен број (ЕДБ), Име и презиме на лицето кое се јавува, Назив / Име и презиме и Адреса на даночниот обврзник и Име и презиме на овластеното лице.
  3. Пријавете кои од следните податоци треба да се променат во Регистарот на даночни обврзници:
    − адреса на вистинско седиште за контакт;
    − контакт телефон (фиксен и мобилен);
    − име и презиме на овластен книговодител, односно назив на овластено книговодствено биро;
    − адреса на овластен книговодител, односно адреса на овластено книговодствено биро;
    − контакт телефон (фиксен и мобилен) на овластен книговодител, односно овластено книговодствено биро;
    − сметка кај носителот на платен промет за даночни цели.

Не ви е доделен, сте го заборавиле или сте го загубиле пинкодот?

Во случаите кога не сте добиле известување од УЈП за пинкод, сте го заборавиле или пак сте го загубиле, постапката за добивање на НОВ ПИНКОД е едноставна и брза - повикајте го Инфо центарот на УЈП 0800 33 000 и известете го даночниот оператор дека ви е потребно реиздавање, односно нов Пинкод.

Зошто да ја користите услугата?

  • Заштедете време и трошоци за пријава и ажурирање на вашите податоци за даночни цели.
  • Само поради непријавени и неажурирани податоци од ваша страна, не дозволувајте да ви се пресметува камата за неплатен данок.
  • Воспоставете ефикасна комуникација со Управата и овозможете ни навремено да ве информираме за сите работи поврзани со даноците и вашето даночно работење.
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија