Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Данок на додадена вредност
1. Дали при раскинување (поништување) на договор и враќање на доброто се врши исправка на ДДВ? 
2. Дали претставништво на странски даночен обврзник има обврска да се регистрира за целите на ДДВ? 
3. Даночен обврзник од Македонија купува софтвер (програма неопходна за својата работа) од странска фирма. Софтверот се презема преку интернет, што значи дека софтверот физички (на некој медиум - ЦД/ДВД) не ја минува границата. Дали треба да се плати ДДВ? 
4. Даночен обврзник врши услуги на полето на реклама и маркетинг на странски даночни обврзници. Дали при изготвувањето на овие фактури има обврска да пресметува ДДВ? 
5. Дали даночен обврзник регистриран за целите на ДДВ има право на одбивка на претходен данок за набавен патнички автомобил, кој ќе го користи за цели на стопанската дејност? 
6. Дали може да се регистрира даночен обврзник за целите на ДДВ со профактура за која ќе достави доказ за нејзино плаќање? 
7. Подизведувач врши градежни работи за изведувач кој врз основа на склучен договор со проект финансиран од странски донации, за извршените градежни услуги, издава фактури без ДДВ согласно член 24-а од ЗДДВ. Дали и подизведувачот треба да издава фактури без ДДВ или треба да го примени механизмот на пренесување на даночна обврска (reverse charge)? 
8. Дали за извршен промет на добра и услуги кон проект финансиран од странски донации даночен обврзник кој не е регистриран за целите на ДДВ треба да издаде фактура "ДДВ-ФП-ДО"? 
9. Која е постапката за добивање на фактура "ДВ-ФП-ДО" која содржи сериски број доделен од страна на УЈП? 
10. Дали при продажба на патничко моторно возило сопственост на физичко лице во постапка на присилна наплата преку извршител треба да се пополни и да се достави до УЈП Извештај за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување (образец "ДДВ-ПНПИ")? 
11. Што претставува даночна основа кај промет кој се врши во постапка на присилно извршување? 
12. Ако вкупниот промет на физичкото лице по основ остварен приход од закуп на станбен и деловен простор на годишно ниво го надминува прагот од 1.000.000 денари, дали физичкото лице е должно да се регистрира за целите на ДДВ? 
13. Правно лице набавило земјиште од физичко лице. Истото земјиште го продава на друго правно лице. Дали треба да се пресмета ДДВ во фактурата бидејќи при купување не е користено влезно ДДВ? 
14. Дали странско правно лице-нерезидент има прaво на враќање на ДДВ и кои документи треба да се обезбедат? 
15. Со која даночна стапка се оданочува продажбата на бели пецива кои се конзумираат во рамките на млечен ресторан на пулт без маси и столици? 
16. Кој е краен рок за плаќање на ДДВ кај тримесечен ДДВ обврзник? 
17. Кои се задолжителни елементи на фактура? 
18. Даночен обврзник регистриран за целите на ДДВ поседува превозно средство-автобус за сопствени потреби (организиран превоз на вработените од нивното живеалиште или престојувалиште до работното место). Дали при набавка на резервни делови, поправка, гориво и сл. може да се одбие влезниот данок? 
19. Дали издадената фактура за изработка по мерка на опрема од дрво за хостел и монтажа на истата на кревети, ормари, наткасни и тоалетни маси треба да е со пренесена даночна обврска по член 32-а? 
20. Друштвото има склучено договор за одржување на автоматски врати со надворешен давател на услуга-Друштво за производство, трговија и услуги. Договорните страни се согласни дека давателот на услугите ќе биде одговорен за правилното функционирање на автоматските врати што значи обезбедување на сите неопходни сервисни услуги вклучувајќи и повремена проверка на истите. Дали издадената фактура треба да е со пренесена даночна обврска по член 32-а? 
21. Дали за извршен надзор и проектирање, доколку сите услови се исполнети (двајцата учесници се ДДВ обврзници имаат потпишан договор и сл.) издадената фактура треба да е со пренесена даночна обврска по член 32-а? 
22. Градежна фирма продава деловен и стамбен простор. Дали треба при продажба на деловниот простор да пресмета и плати ДДВ од 18%? Дали треба при продажба на стамбениот простор да пресмета и плати ДДВ од 5%? 
23. Со која даночна стапка се оданочува продажбата на подрум и помошна просторија во случај кога истите се продаваат посебно, односно после купувањето на станот? 
24. Дали правно лице кое врши услуги во странство и согласно член 14 од ЗДДВ не пресметува ДДВ односно е ослободен од ДДВ и од тој промет кој е единствен за друштвото го надмине прагот за регистрација од 1.000.000 денари потребно е да се регистрира за целите на ДДВ? 
25. Друштво кое се занимава со угостителска дејност (кафе бар) започнува со продажба на кафе за носење (coffe to go). Дали истото треба да се продава со даночна стапка од 18% или со 5% ДДВ? 
26. Дали при продажба на патничко половно моторно возило набавено од физичко лице треба да се пресмета ДДВ? 
27. Дали за монтажа и пуштање во употреба на кујнска опрема за потребa на хотел треба да се примени член 32-а од ЗДДВ. Кујнската опрема е од инокс и се состои од хауби и разладни комори, шпорети, машини за перење садови, печки и се врши нејзино инсталирање (поврзување) и пуштање во употреба? 
28. Која е даночната стапка за данок на додадена вредност која треба да се примени при продажба на кафе, чај, млеко и други пијалоци преку кафемат - самопослужување? 
29. Дали граѓанска и непрофитна организација која има остварено приходи од над 1.000.000 денари треба да се регистрира за целите на данокот на додадена вредност. 
30. Во продавница за храна има извршено кражба на добра и за истото изготвен е записник од МВР, дали треба да се пресмета данок на додадена вредност? 
31. Со која даночна стапка треба да се префактурираат сметките за струја, вода, телефон и слично? 
32. Набавен е апартман за изнајмување, за истиот набавена е луксузна опрема која се вградува како на пр. печка, скара, машина за садови, аспиратор, фрижидер, вградлив фрижидер за вино, машина за перење алишта, машина за сушење алишта, камин и др. дополнителна опрема. Дали има право на одбивка на влезниот данок од набавената луксузна опрема? 
33. Дали друштво кое е ДДВ обврзник и чија основна дејност не е во секторот Образование, но споредна е Помошни услуги во образованието, може услугите за доквалификување на физички лица да ги фактурира без ДДВ? 
34. Дали услугите за разнесување на пратки со велосипед подлежат на оданочување со ДДВ? 
35. Со која даночна стапка се оданочува фризерската услуга? 
36. На кои бебешки производи се применува повластена даночна стапка од 5%? 
37. При настанат пожар во магацин на готови текстилни производи, настаната е штета која е утврдена со попис на оштетената роба, и записник од МВР. Дали треба да се пресмета и плати ДДВ на оштетената стока во пожарот? 
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија