Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Персонален данок на доход
1. Дали и на кој начин се оданочуваат приходите што се остваруваат од издавање под закуп на движен и недвижен имот? 
2. Дали исплатениот надоместок за регрес за годишен одмор од страна на работодавачот, физичкото лице треба да го пријави во Годишната даночна пријава? 
3. Дали паричните средства добиени по основ на подарок од роднина, подлежат на оданочување со персонален данок на доход? 
4. Вработен сум во фирма, со полн фонд на работни часови. Во останатото време се занимавам заедно со семејството со сточарство и земјоделие како дополнителна дејност. Сакам да ја регистрирам оваа дополнителна работа и која е постапката за оданочувањето? 
5. Дали исплатите на надоместоци за трошоците за користење на сопствен автомобил подлежат на обврска за плаќање на персонален данок? 
6. Работам како волонтер и дали исплатите на надоместоците за извршените волонтерски работи потребно е да се пријават во Годишната даночна пријава? 
7. Дали надоместокот во износ до 4.000 денари месечно што го примаат учениците и студентите за време на задолжителна практична работа и обука потребно е да се пријави во Годишната даночна пријава? 
8. Дали исплатениот надоместок на штета од сообраќајна несреќа исплатен од страна на осигурителна компанија подлежи на оданочување со персоналниот данок на доход? 
9. Дали надометокот за родителски додаток за трето дете кој го исплатува Министерството за труд и социјална политика, се оданочува со персоналниот данок на доход? 
10. Дали за приходите остварени од продажба на цврст корисен отпад се плаќа персонален данок на доход? 
11. До кој износ не се плаќа данокот на доход за добивки од општи игри на среќа? 
12. Дали се оданочува капитална добивка остварена од продажба на недвижен имот кој е стекнат по основ на наследување или подарок? 
13. Дали треба да поднесам Годишната даночна пријава и да ги пријавам приходите од странство со работа преку интернет? 
14. Која е процедурата за издавање на потврда за даночен резидент на физичко лице? 
15. Користам породилно боледување, а имам и други приходи. Дали треба во Годишната даночна пријава да го прикажам и боледувањето, покрај другите приходи? 
16. Дали физичко лице кое остварува добивки од посебни игри на среќа (обложувалница, казино, автомат клуб) има обврска да поднесе Годишна даночна пријава ? 
17. Во текот на годината, издавав стан под кирија. Приходите ги пријавив во УЈП, поднесов аконтативна даночна пријава и го платив персоналниот данок. Дали треба да поднесам Годишна даночна пријава и дали тоа значи дека УЈП повторно ќе ми пресмета данок? 
18. Како студент користам стипендија доделена од страна на Министерството за образование и наука. Дали имам обврска за пријавување на стипендијата во Годишната даночна пријава? 
19. Дали за паричните средства кои се добиени од фирма како донација/помош за лекување на физичко лице треба да се плати данок и дали треба да се пријават во Годишната даночна пријава? 
20. Јас сум пензионер, а имам остварено и приходи од дивиденда. Дали имам обврска во Годишната даночна пријава да ја прикажам и пензијата, покрај дивидендата? 
21. Дали се плаќа персонален данок на доход на капитална добивка остварена од продажба на недвижен имот стекнат по основ на наследување или подарок? 
22. Имам остварено капитална добивка од продажба на хартии од вредност. Дали се оданочуваат овие приходи и дали треба да се пријават во даночната пријава? 
23. Дали треба да се пријави надоместокот за боледување од Фондот за здравство, при подолго боледување за нега на дете до 3 години во Годишната даночна пријава? 
24. До кој износ не се плаќа данокот на доход за добивки од општи игри на среќа? 
25. Дали треба да ги пријавам приходите од орочени штедни депозити во банка во Годишната даночна пријава? 
26. Дали приходите остварени од продажба на цврст корисен отпад подлежат на оданочување со персонален данок и дали треба да ги пријавам во Годишната даночна пријава? 
27. Јас сум невработен и сакам да се занимавам со земјоделска дејност. До кој износ е ослободен приходот од земјоделска дејност? 
28. Имам остварено 400.000 денари од продажба на земјоделски производи. Колку ќе треба да платам данок за овој износ? 
29. Имам остварено капитална добивка од продажба на стан во кој живеев 4 години од неговото стекнување. Каде да го пријавам овој приход и која е даночната основа за персонален данок од доход? 
30. Како физичко лице продадов куќа во која живеев 10 години и притоа имам остварено капитална добивка во висина од 300.000 денари. Дали треба да се оданочат овие приходи и да се пријават во Годишната даночна пријава? 
31. Дали треба да се пријави данок за парите во износ од 6000 денари кои ги дава Општината за новородено дете? 
32. Минатата година имам остварено приход од 5000 денари по основ на паричен надомест за првородено дете. Средствата се исплатени од Центар за социјални работи. Ме интересира дали овој приход треба да се пријави во Годишната даночна пријава? 
33. Дали приходите од продажба на собрани лековити билки и шумски плодови, подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход? 
34. Кој не е должен да поднесува Годишна даночна пријава? 
35. Во кој рок обврзникот е должен да ја поднесе Годишната даночна пријава? 
36. Дали постои ослободување од плаќање на персонален данок на доход при пресметка на плата за нововработен работник според Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност? 
37. Дали добиените камати по обврзници издадени од Република Македонија и единиците на локалната самоуправа се ослободени од обврската за плаќање на персонален данок на доход? 
38. Во кој рок се поднесува Аконтативна даночна пријава за остварени капитални добивки (образец “ПДД-АДП/КД”)? 
39. Дали се плаќа персонален данок на доход од плата за вработени лица кај обврзник кој е корисник на технолошка индустриска развојна зона? 
40. Дали при исплата на приходи од авторски права за физичко лице-нерезидент на РМ, исплатувачот на приходите имa обврска да пресмета и уплати персонален данок на доход, имајќи во предвид дека станува збор за физичко лице кое е резидент на држава со која РМ нема склучено меѓународен договор за избегнување на двојното оданочување? 
41. Дали исплатите за надоместоци за делегати, судии, комесари, клубски лекар, ангажирани тренери подлежат на оданочување со персонален данок на доход? 
42. Физичко лице позајмува пари во износ од 20.000 денари на друго физичко лице, и како доказ дека истите се вратени, физичкото лице кое ги позајмило парите ги уплаќа средствата на трансакциска сметка на физичкото лице од кое ги позајмило. Дали ваквата уплата на трансакциска сметка по основ на враќање на позајмени средства подлежи на оданочување со персоналниот данок на доход? 
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија