Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30    
Recnik
Фискализација
1. Кои се роковите за воведување на фискален апарат со гпрс уред? 
2. Како угостител имам обврска да го заменам стариот фискален апарат за нов, кои се моите обврски? 
3. Имам потреба од промена на електронски контролен траг, кои се моите обврски? 
4. Поради елементaрна непогода (пожар/поплава) ми е оштетен фискалниот апарат, кои се моите обврски? 
5. Поради престанок на користење на фискалниот апарат сакам истиот да го дерегистрирам, која е постапката? 
6. До кој период производителот на фискална апаратура има обврска да обезбедува резервни делови, техничка помош, сервисирање и превентивна проверка на фискална апаратура? 
7. Дали треба да се издава фискална сметка при плаќање со платежна картичка? 
8. Дали треба да се воведе фискален апарат и издаваат фискални сметки ако плаќањето на услугите се врши исклучиво преку фактура или уплатница во банка? 
9. Дали треба да се воведе фискален апарат ако деловниот објект се наоѓа во високопланинско место? 
10. Дали преку фискалниот апарат може да се искаже попуст? 
11. Нашата фирма работи со продажба на нафта на мало преку бензински пумпи. За секое точење во готово и кога се издава фактура се печати фискална сметка. Дали имаме обврска покрај фактурата на купувачот да му ја дадеме и фискалната сметка, а плаќањето го врши со мастер картица? 
12. Во нашето работење воведовме фискални каси, но сме регистрирани со работно време од 8 до 18 часот. Дали затворањето на фискалната каса односно дневниот финансиски извештај може да биде со период од 8 до 18 часот? 
13. Должни сме да поседуваме резервен фикален апарат, дали истиот може да се употребува повремено напоредно со основниот фискален апарат, или исклучиво смее да се користи кога основниот апарат е на сервис? Бидејќи користиме мобилна каса со која се наплаќа на терен, доколку дојде некој купувач, дали смееме да издадеме фискална сметка од резервниот фикален апарат? 
14. Украдена е фискална каса која веднаш е пријавена во МВР. Дали треба објава во Службен весник? 
15. Дали ПЗУ задолжително мора да издава и потврда за наплатена партиципација (квитанција) кога уредно се издаваат фискални сметки? 
16. Дали новоотворена такси компанија (со едно возило) треба да поседува и користи фискален уред со оглед на измената на одлуката за воведување фискален принтер со вграден ГПРС уред со која се пролонгира рокот до 31.12.2016 година („Службен весник на РМ”, бр.208/15)? 
17. Дали при издавање на сторно сметка, истата треба да се чува од страна на правното лице кое ја издало таа сторно сметка во печатена форма, или пак согласно член 59 од Правилникот истата треба да биде зачувана во фискалната меморија, мемориската картичка и крипто медиумот? 
18. Сервисер фактурира за превентивно одржување, за што е должен истото да го обезбеди согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања бесплатно еднаш во годината. Дали навистина ГПРС врската треба да се обнови по 12 месеци, и на чив трошок е обновата имајќи го предвид член 3а став 2 од Законот, колку чини таа обнова (задолжителна комуникација) и кој треба да фактурира - сервисерот или некој од мобилните оператори? 
19. Поради пререгистрација на фискалните каси, касите ни се блокираа, не можеме да извадиме целосен фискален извештај, односно на денот кога касата е блокирана постои недостаток на извештај. Како да го решиме тој проблем? 
20. Согласно обврската фискалните апарати да се пререгистрираат имаме филијали каде што функционираат само со еден фискален апарат. Додека трае процесот од пререгистрирање дали може филијалите да ги користат заверени парагон-блокови и итна сметководствена книга до денот кога ќе се пререгистрира апаратот? 
21. На еден фискален принтер истече регистрацијата и е однесен за обнова кај Сревисерот. На негово место е ставен резервен фискален принтер. Дали во УЈП треба да се пријави краткиот период на промена на фискалните принтери во кој сме биле без ГПРС сигнал? 
22. Јас сум адвокат-самостоен вршител на дејност и седиштето на фирмата ми е на домашна адреса, работам безготовински со фактури. Дали сум обврзан да набавам ГПРС фискална каса? 
23. На бензиска пумпа по грешка извршен е истовар на 1500 литри гориво тип БМБ-95 во цистерна на дизел. По констатирањето на грешката, уредно е направен записник, горивото е вратено назад, но останат е регистриран промет на фискална сметка за износот на вратеното гориво во вкупен износ од 102.000 денари. Која е постапката овој промет да биде сторниран на фискалниот пирнтер бидејки реално не е извршен промет, а издадена е фискална сметка. Дали Управата за јавни приходи треба да биде информирана преку поднесување на одреден образец? 
24. Koмпанија е во постапка на регистрација на мобилни фискални апарати за потреби на работа на терен. На која адреса треба да се регистрираат фискалните апарати кои ќе се употребуваат во различни Подружници, и ќе се користат од страна на различни вработени кои и не секогаш користат едно исто возило? 
25. Соопштението кое задолжително треба да стои пред дуќанот на кој е означено каде да се пријават неправилности во случај на недавање на фискална сметка е оштетено. Каде може да се поддигне ново и кои документи се потребни? 
26. Дали при заминување на годишен одмор е потребно да се достави некој документ до УЈП дека на пример од 20.06 до 28.06 касата нема да се вклучува т.е.нема да има никакви промени? 
27. Фискалната каса не ни работи, дали треба да се пријави во УЈП? 
28. На која жиро сметка и уплатна сметка треба да се уплати надоместок – административна такса за издавање на препис на решение за фискализација? 
29. Во врска со користење на фискален систем за регистрирање на готовински плаќања и евидентирањето на прометот од македонски производи во вкупниот, дали како царинско складиште услугата складишнина и услуга за транзит (Пропратница) треба да ја евидентираме како промет од македонски производи или не како и шпедитерските услуги? 
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија