Memorandum_mk
Општи даночни стапки

Данок на личен доход

Пресметката и плаќањето на данокот на доход од работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права, од продажба на сопствени земјоделски производи, од права од индустриска сопственост, од закуп и подзакуп, од капитал, капиталните добивки, од осигурување и друг доход за 2020, 2021 и 2022 година се врши по стапка од 10%.
За доходот од капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, данокот на доход се плаќа по стапка од 15% доколку имателот ги поседувал до една година, односно по стапка од 10% доколку имателот ги поседувал за период од една до 10 години.
Пресметката и плаќањето на данокот на доход од добивки од среќа се врши по стапка од 15%.

 Данок на добивка

  • од 01.01.2008 - 10% даночна стапка

Данок на додадена вредност

ДДВ се пресметува со примена на пропорционални даночни стапки врз даночната основа за оданочивиот промет на стоки и услуги и увоз и тоа:

 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија