|
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2026 за долгови доспеани до 31.10.2025 и неплатени до 31.01.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:
- надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Царинска управа на РСМ - Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
На Листата на должници бр.02/2026 објавени се 2004 должници - правни лица (помалку за 29 од претходната листа) и 4007 физички лица (повеќе за 123 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2026 изнесува 12.177.377.588 денари, (помалку за 234.991.716 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.965.187.947 денари, (помалку за 234.152.993 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 212.189.641 денари (помалку за 838,723 од претходната листа).
|