Година: 2024
Број: 01
Тип: Јавна објава
Наслов: Јавна објава за уредно доставување на известување по барање за поведување на прекршочна постапка за правните лица и одговорните лица/физички лица
Датум на издавање: 21.11.2024 година
Институција: Управа за јавни приходи
Бр.3022/4-5 од 13.11.2024 година
Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоци („Службен весник на РСМ”, бр.96/19) Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Прилеп,
ЈАВНА ОБЈАВА
за уредно доставување на известување по барање на прекршочна постапка за правните лица и одговорните лица/физички лица
Се повикуваат правните лица, одговорните лица и физичките лица во рок од осум дена да ги подигнат известувањата по барање за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица/ физички лица со испраќање на е-пошта: Zhivka.Gureva@ujp.gov.mk или директно во просториите на Управата за јавни приходи Регионална Дирекција Прилеп/Даночо одделение Кавадарци ул. Вељко Влаховиќ бр.7, Кавадарци.
Со оваа објава на веб страната на органот http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, а по изминувањето на 8 дена од денот на објавувањето ќе се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на „Известување по Барање за поведување на прекршочна постапка“ за следниве правни, одговорни и физички лица: (види линк)
|